СУДОТ СТАНА ЗБОР ЗА ЗАПЛАШУВАЊЕ
Сите кои се во конфликт, се чувствуваат обесправено или сметаат дека туѓото поведени е казниво се повикуваат на суд. Судот е инстанца каде што се врши дистрибуција на правото. Правото, пак, е поим кој има широк опсег и неговото дефинирање е тесно поврзано со правда, етика, обичај и морал.
Во теорија и филозофија на правото се разликуваат два конститутивни правци, едниот е првен позитивизам, а вториот е јуснатурализам. Според правниот позитивизам, донесувањето на правилата и нормите што имааш општествено важење, може да бидат и нелегитимни, но тие се прифаќаат доколку нивното спроведување дава ефекти. Според јуснатуралистите, пак, правните норми и правила се носат исклучиво согласно принципите на правдата и етиката.
Во филозофијата на правото, правото се смета и како збир на идеи, но тоа има и реално покрај идејно постоење, бидејќи е директно поврзано со однесувањето на луѓето и нивното заедничко живеење и комуникација.
Јустиција
Римаската божица на правдата се вика Јустиција, а статуа на божицата на правдата често може да се види пред судските палати.
Таа е прикажана антропоморфно, како средовечна жена со заврзани очи, што укажува на тоа дека нејзините очи не се репер за одлуките што ги носи, туку само и исклучиво нејзиниот разум. Врзаните очи на божицата „Јустиција“ ја симболизираат и еднаквоста како пристап во носењето на одлука за тоа „кој е во право“.
Во десната рака таа држи терезија што го симболизира „мерењето“ на аргументите на обвинението и одбраната. Чии аргументи ќе натежнат во процесот на судењето, ја детерминираат и конечната одлука на судијата.
Во левата рака, римската божица на правдата е претставено дека држи меч кој е остар колку и нејзиниот разум и чувство за праведност во моментот кога „пресекува“ односно ја носи конечната одлука.
Суд како инстанца за заплашување, а не инстанца за праведност
Интуитивно е, праведноста да носи радост. Често пати ќе слушнете како луѓето со нашиот јазик изговараат: „Добро е има правда“ , „Ќе ги стигне правдата“, „Ќе платат за се што сториле“ и т.н.
(Целата колумна на Магдалена Стојмановиќ, прочитајте ја на www.veritas.mk)

