СЗО ПРЕДУПРЕДУВА: СЕ ПОЈАВИ НОВ ОПАСЕН ВИРУС

Светската здравствена организација ги извести болниците ширум светот да се подготват за можно ширење на инфекцијата од мистериозен вирус кој веќе уби еден човек и зарази десетици во Кина.

Во моментов, во Кина се регистрирани 41 случаи на болеста во градот Вухан од декември. Еден пациент веќе почина од пневмонија предизвикана од вирусот.

Првиот случај регистриран надвор од земјата е во Тајланд. Информацијата предизвика загриженост дека вирусот може да ги напушти границите на Кина.

Инфицираната жена, кинескиња на одмор во Тајланд, била регистрирана од аеродромска контрола.

Вирусот првично се сметаше дека го пренесуваат животните, но СЗО соопшти дека веќе има докази за пренесување на болеста од човек на човек.