| |

Тачи: Прашањето со Специјалниот суд е затворено во 2015 година

Косовскиот претседател Хашим Тачи повтори ставот дека прашањето за Специјален суд за воени злосторници од редовите на ОВК е затворено во 2015 година, кога косовскиот Парламент го усвои законот за негово формирање, јавува Алсат М. Според косовскиот премиер подоцна се кренала непотребна врева околу тоа прашање, што останала без посебно влијание. беше непотребна и без влијание, изјави Тачи. Што се однесува на договорот за демаркација на границата со Црна Гора, Тачи смета дека за тоа е потребен широк политички консензус. Шефот на косовската влада информира дека е во постојани разговори со со претседателот на Собранието Кадри Весели, премиерот Рамуш Харадинај и одредени опозициони партии во врска со ова прашање. Тачи додава дека сите се свесни дека брза ратификација на договорот за демаркација го отвора патот кон визна либерализација. Воедно тој изрази надеж дека тоа прашање ќе биде решено до крајот на месецот.

Слични Објави