| |

Тагарев: Средствата за испорака на оклопните транспортери во Украина се покриени со форматот „Рамштајн“

Операцијата за испорака на бугарските оклопни возила во Украина е во тек и ќе пристигне кога ќе биде завршена. Има кој да ги покрие трошоците, тоа се мали трошоци во споредба со помошта што ја даваме. 50 земји се во коалицијата со Рамштајн форматот, има земји каде што неколку стотици илјади евра или лева се ништо. Ова го изјави министерот за одбрана на Бугарија Тодор Тагарев, јавува БГНЕС.

Сумата за испорака зависи од тоа како ќе се договорат со фирмите што ќе ја извршат испораката“, додаде Тагарев.

„Првпат прикажуваме фотографии од операција која е во тек. Обично кажуваме кога е завршена. Покажавме фотографии само затоа што ситуацијата почна да се напнува, дека никој ништо не прави“, појасни тој.

Слични Објави