| |

Слава ти, се гледаме во Валахала

Facebook статус на Контрачетникот

Големината на човечкиот живот не се суди по неговата должина, туку по делата кои еден човек ќе ги остави дур трае неговиот животен пат на земјата, а твоите дела се насекаде околу нас и преку нив а и преку сите ние кои те познававме твојот спомен ќе живее вечно , вистинските луѓе имаат само дата на раѓање а еден од нив си и ти Андреј.

Ова се деновите во кои секогаш ќе се сеќаваме на твојата храброст, непоколебливост, на твојата искрена и неизмерна љубов кон борбата и дејците на ВМРО, на твојата борбеност која секогаш ќе биде наша ѕвезда водилка во сите наши премрежија.

И денес на денот кој си роден ќе се присетиме на твојот спомен, со треперење во душа, со солза во очи, но со гордост што те познававме и што преку нас твојот дух е бесмртен.

Слава ти, се гледаме во Валахала.



Слични Објави