ТАВ ЌЕ ГИ ПРОШИРУВА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД, ЗА 10 ГОДИНИ ЧЕТИРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ ПАТНИЦИ

//

Со четири пати зголемен број патници на аеродромите во Скопје и во Охрид холдингот ТАВ аеродроми и планови за нови инвестииции ги одбележува првите десет години од преземањето под концесија на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Се очекува бројот на патници од 640.000 колку што изнесуваше во 2009 година до крајот на годинава да достигне 2,7 милиони. Изминатите 10 години инвестирале 120 милиони евра во аеродромоска инфраструктура и развој и платиле 47,4 милиони евра за концесиски такси и даноци. Дестинациите што ги опслужуваат на двата аеродрома се зголемени од 15 на 44 и планираат нивно проширување за што се во тек преговори со авиокомпании.

Сани Шенер, главен извршен директор и претседател на холдингот ТАВ аеродроми најави дека на крајот на сезоната почнуваат активности за проширување на Скопскиот и на Охридскиот аеродром, во што ќе вложат 10 милиони евра. Тие пари се дел од планираните 45 милиони евра што требаше да ги вложат во карго аеродром во Штип но се пренаменети откако испитувањата покажаа дека нема можности за реализација на таков проект.

Со останатите 35 милиони евра ќе се спроведат инфаструктурни проекти, за што треба да добијат листа од Владата. Кога ќе го добијат списокот, како што велат, ќе почнат да ги инвстираат парите. За таа цел Владата треба да го промени Законот за концесија, на што се работи, подготвени се сите договори и треба да се заокружи ратификацијата.

Во долгорочните планови на ТАВ по истекот на следните 10 години во кои ќе менаџираат со аеродормите, согалсно со тековниот 20-годишен Договор за концесија е да продолжат да оперираат со аеродромите во Скопје и во Охрид. Законот дозволува концесија до 35 години. За продолжување на концесијата и по нејзиниот истек во 2030 година планираат да почнат преговори за натамошни инвестиции и да добијат дополнителни 15 години.

Главниот извршен директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој најави дека со 10 милиони евра ќе ги прошират терминалните на аеродромите во Скопје и во Охрид каде планираат и други новини.

Доколку добијат дозвола ќе ја срушат старата пристанишна зграда во Скопје и ќе изградат нов терминал или ќе го прошират постојниот. Планираат да отворат 10 дополнителни шалтери во затворената област од Скопскиот аеродорм, неколку места каде авиокомпаниите ќе продаваат билети, како и просторија за пушење.



Од ТАВ го повторија ставот дека за уште поголем развој на авиосообраќајот е потребен национален авиопревозник. – Авиосекторот во Македонија напредува многу добро, а нам ни треба национален авиопревизник. Се надевам ќе имаме бизнисмен или Владата ќе се одлучи да воведе национален авиопревозник затоа што на овој начин ќе помогне многу на економијата, посочи Шенер.

Во однос на можностите за воведување директни летови со Америка, од ТАВ велат дека тоа за авиокомпаниите е многу скапо поради различното место на потенцијалните патници и оти бараат финансиска поддршка. – Тие се многу конзервативни во поглед на трошоците, бараат на тој начин еден вид поддршка од Владата, некакви субвенции или слично. Кога ќе дојдеме до најдоброто време и најдобрата формула ќе можеме да почнеме со такви летови. Авиокомпаните сакаат патници во текот на целата година, а не само во лето. Северна Америка е малку посложен случај но ќе работиме на тоа, можеби локални компаниии ќе треба да воспостават некаква соработка, истаканаа од ТАВ.

ТАВ аеродорми, на скопскиот и на охридскиот аеродром, имаат 1 100 вработени, од кои 70 проценти работат во ТАВ Македонија, другите во нивните сестрински.

На двата аеродрома во државава во првите осум месеци од годинава се превезенеи 1,8 милиони патници (1.774.482) за 12,1 процент зголемување на годишно ниво. Реализирани се 14.744 летови или за 9,9 проценти повеќе на годишно ниво.

Холдингот ТАВ аеродроми потпиша 20-годишен договор за концесија со Владата во септември 2008 година, а стартуваше со менаџирање на аеродромите во Скопје и Охрид во март 2010 година. Според раководството на ТАВ, успехот на пазарот во изминатите десет години е резултат на одличната соработка со Владата и сите институции од воздухопловната индустрија, нивните деловни партнери коишто работат на двата аеродрома и патниците за користење на аеродромите.

Претходна статија

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОБРАНИЕТО НА МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ АГАПИ ДИКА НЕ ЗНАЕЛА КАДЕ ОДАТ ПАРИТЕ ОД БИЗНИСМЕНИТЕ

Следна статија

ВАРДАР ПОДГОТВЕН ЗА СТИЛОТ НА ПОРТО „СЕДУМ НА ШЕСТ“

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да