Театарот од Велес гостува во Драмскиот театар во Скопје
На сцената на Драмскиот во Скопје, утревечер (14 април), Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Тоалет за дами“, во режија на Деан Дамјановски …
Претставата е работена според истоимениот драмски текст на познатиот венецуелски автор Родолфо Сантана. Делото ги проблематизира личните односи на десет жени, еден транвестит и еден маж, кои се среќаваат во тоалетот на еден ноќен клуб.
Драматург на претставата е Сашо Димоски, сценографијата е на Филип Коруновски, костимите се на Катерина Чукниева, а музички соработник на претставата е Сашко Костов. Настапуваат актерите Кица Ивковска, Васил Зафирчев, Ирена Илиевска, Кети Борисовска, Маја Љутков, Талија Настова, Марија Стефановска, Зорица П. Панчиќ, Весна Димитровска-Бобевски, Драгана Босниќ, Слободанка Чичевска и Александар Велјановски.