|

Изложба на Никола Пијанманов во Галеријата на МКЦ

Во Младинскиот културен центар вечерва (13 април) ќе биде отворена самостојната изложба насловена „Времиња“ на ликовниот уметник Никола Пијанманов. Изложбата, на која се претставени триесетина слики создадени изминатите четири години, за посетителите ќе биде отворена до 28 април …

Никола Пијанманов е роден 1981 година во Струмица и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Реализирал повеќе изложби, меѓу кои и изложбата „Илуминации“инспирирана од поезијата на Михаил Ренџов.

Учествувал и на повеќе групни изложби и ликовни колонии во земјава и во странство, а изработил и сценографии за претстави во македонските театри. Пијанманов е автор и на неколкумонументални јавни дела, меѓу кои и монументалната скулптура од железо поставена во градскиот парк во Струмица.



Слични Објави