Телеграма на Тодор Александров до Димитар Михајлов со благодарност за честитките по повод ослободувањето на Македонија од „ужасното српско робство“
Пишува: Зоранчo Маринков
“Срдечно благодариме на Вас и на сите членови на македонските братства за восхитувачките поздрави, што имавте љубезност да ни ги испратите по повод ослободувањето на нашата мила татковина – Македонија од ужасното српско робство.
Каква неизмерна среќа е да ја видиме македонската емиграција во главниот град, повеќе да не се собира на панихиди или да организира траурни поворки за оддавање последна почит на маченички загинати херои, туку да го слави со радост својот најголем празник – обединувањето на Македонија со слободното Българско царство!”
Погорниот текст е дел од телеграма напишана од лидерот на ВМОРО – Тодор Александров, во јануари 1916 година и испратена до претседателот на Битолското братство во Софија, Димитар Михајлов.


Телеграмата на Тодор Александров претставува одговор на телеграмата за благодарност, којашто претседателот на Битолското братство, од името на 24 македонски братства во Бугарија, ја испраќа до членовите на ЦК на ВМОРО – Тодор Александров и Александар Протогеров, кои по тоа време (Првата светска војна) се офицери на българската армија.

Димитар Михајлов бил роден во Битола, во 1873 година. Меѓу другото, тој бил и секретар на Българската екзархија и инспектор на българските училишта во Македонија во продолжение на пет години. На основачкото собрание на македонските братства на бегалците, коешто се одржало од 22 до 25 ноември 1918 година во Софија, Михајлов бил представник на Битолското братство и бил избран за потпредседател на Извршниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации. Димитар Михајлов е убиен на 16 мај 1932 година в София.

Телеграмите се публикувани во весникот “Родина”, на 29 јануари 1916 год. Весникот “Родина” се печател и излегувал во Скопје, а негови уредници биле дејците на ВМОРО – Георги Баждаров од с.Горно Броди, Серско – учесник во Илинденското востание и Христо Матов од Струга, идеолог на Организацијата и член на ЦК на ВМОРО.

Во продолжение е целиот текст од телеграмата на Димитар Михајлов до Александар Протогеров и Тодор Александров.
“До командантот на 3-та бригада од 11-та Македонска дивизија Полковник Протогеров и Тодор Александров
Македонската емиграција во главниот град, свечено празнувајќи го ослободувањето на Битола и Охрид, центри на българската просвета и славни револуционери борби и гледајќи дека паѓањето на тие двете југозападни тврдини на нашата многуизмачена татковина во български раце, идеалот за ослободување на татковината е во голем степен реализиран, благодарение на хероизмот на милата ни армија и славните подвизи на плејада самопожртвувани наши сонародници – борци, кои ги оставиле коските во името на тој идеал, пред чијшто спомен емиграцијата се поклонува со почит, не може во тој свечен момент таа да не си спомни за Вас, драги Протогеров и Александров, кои со својот ум, енергија, голема чесност и готовност да се пожртвувате за слобода на братот-роб, допринесовте навистина многу торжеството на ослободителното дело.
На Вас двајцата, и во Ваше лице на сите Ваши соборци, македонските братства испраќаат од името на целата македонска емиграција срдечен поздрав и топла благодарност. Со надеваме дека Бог ќе ве заштитува, за да можете и во иднина да ја продолжите полезната дејност и да го видите започнатото дело целосно завршено.
За Македонските 24 братства,
Претседател на Битолското братство
Димитар Михајлов”
Понатаму следува целиот текст од телеграмата – одговор на Тодор Александров.
“Срдечно благодариме на Вас и на сите членови на македонските братства за восхитувачките поздрави, што имавте љубезност да ни ги испратите по повод ослободувањето на нашата мила татковина – Македонија од ужасното српско робство.
Каква неизмерна среќа е да ја видиме македонската емиграција во главниот град, повеќе да не се собира на панихиди или да организира траурни поворки за оддавање последна почит на маченички загинати херои, туку да го слави со радост својот најголем празник – обединувањето на Македонија со слободното Българско царство!
Овој среќен резултат, пред сè, го должиме на мудроста на Н.В. Царот на Българите, Царот ослободител на Македонија, кој успеа да ги надмине сите пречки и да го избере најудобниот момент за българската интервенција; на вештото раководење со надворешната политика на Бугарија од страна на нејзините сегашни управители, на чело со премиерот д-р В.Радославов, коишто и покрај сите соблазни, искушенија и пречки, никогаш не скршнаа од патот на спасот и на безпримерната храброст на българската војска, која потпомогната од сојузничките австро-германски трупи го победи подмолниот непријател и ги освети со својата скапоцена крв легитимните придобивки на нашиот народ.
Идеалот за којшто македонскиот българин се бореше во продолжение на десетици години и за којшто загинаа безброј самопожртвувани револуционери – борци, денес е до голема степен реализиран. Този идел веќе не е само слатка мечта, а една жива реалност.
Ние, останатите живи борци, не сме направиле ништо повеќе од исполнување на нашиот долг, како секогаш сме ја сметале за свечена наша обврска да не отстапуваме од патот, којшто го нацртаа нашите славни учители. Со помошта на провидението и благодарение на неверојатните напори на целокупното българско племе, ние цврсто веруваме, дека започнатото големо дело ќе биде завршено со успех.
Член на Централниот комитет на В.М.О.Р. Организација,
Тодор Александров”

