ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ КАТЛАНОВО – ИМА ПОВРЕДЕНИ

/

Неколку лица, меѓу кои и деца се повредени во сообраќајна несреќа која се случила попладнево пред нaплатната рампа на патот Велес-Катланово, јавува 24 Инфо, пренесува Лидер.

Повредените со возила на Итната помош се транспортираат во болниците, а полицијата врши увид. Порталот според првични информации јавува дека во сообраќајката учествувале три автомобили и камион. Камионот, кој пренесувал бостан, излетал од патот, но дали по судирот со автомобилите или за да ги избегне не е познато.



Претходна статија

ВИДЕО ОД МЕСТОТО КАДЕ СЕ УБИЕНИ ЖРТВИТЕ НА МОНСТРУМОТ ОД ХРВАТСКА

Следна статија

СПАСОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ ЗА МИРНАТА И ДОСТОИНСТВЕНА ПРОСЛАВА НА МЕЧКИН КАМЕН

Најново од Вести