ТИМ АВСТРАЛИСКИ НАУЧНИЦИ ГИ ОТКРИ НАЈСТАРИТЕ БОИ НА ПЛАНЕТАТА

///

Научниците од Австралискиот национален универзитет (АНУ) ги открија најстарите бои во геолошкиот запис, светло-розови пигменти стари 1,1 милијарди години, извадени од карпи длабоко под пустината Сахара во Африка.

Д-р Нур Гуенели од АНУ рече дека пигментите земени од црни морски шкрилци од басенот Таудени во Мавританија, Западна Африка, се повеќе од половина милијарда години постари од кои било пигменти откриени претходно.

„Светлo-розовите пигменти се молекуларни фосили на хлорофил, кои биле создадени при фотосинтезата на предисториските организми кои живееле во праокеанот што одамна исчезнал”, вели д-р Гуенели од АНУ.

Бојата на овие фосили во концентрирана форма се движи од кармин-црвена до темно виолетова и сетло-розова кога се разредува.

Истражувањето го водеше АНУ со поддршка од Геосајнс Австралија и тимови истражувачи од САД и Јапонија. Истражувачите сомлеле карпи стари милијарди години, за да изолираат и анализираат молекули од предисториските организми заглавени во нив.

„Прецизната анализа на предисториските пигменти потврди дека малите цијанобактерии доминирале во синџирот на исхрана во океаните пред милијарда години, што помага да се објасни зошто во тоа време не постоеле животни”, рече д-р Гуенели.



Водечкиот истражувач, проф. Јохен Брокс од АНУ, вели дека појавата на големи, активни организми најверојатно била ограничена од ограниченото снабдување со поголеми честички на храна, како што се алгите. „Алгите, иако сеуште микроскопски, се илјадници пати поголеми од цианобактериите, и се многу побогат извор на храна”, вели д-р Брокс од АНУ.

„Океаните со цијанобактерии почнаа да исчезнуваат ред 650 милиони години, со брзото ширење на алгите и експлозијата на енегрија што беше потребна за еволуцијата на сложените екосистеми, во кои подоцна се појавија големите животни, вклучувајќи ги и луѓето”.



Претходна статија

ЃУНЕР ИСМАИЛ БИ ЈА ЗАТВОРИЛ АЛФА ТВ

Следна статија

КАКО ИЗГЛЕДА ДА СИ ВО ЖАРИШТЕТО НА ПОЖАРИТЕ

Најново од Вести