| |

ТРАМП: „ИЗМАМЕН СУМ, ПРОТИВ НАС СЕ БОРЕА СТОТИЦИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ“

Американскиот претседател и претседателски кандидат на Републиканската партија, Доналд Трамп ѝ се обрати на јавноста од Белата куќа и рече дека е ограбен и дека се работи за лажни избори.

Трамп е дециден дека, ако се пребројат легалните гласови, тој ќе победел лесно.

„Многу ливчиња пристигнаа по затворањето на избирачките места, со задоцнување. Измамен сум“, нагласи Трамп во обраќањето.

„Стотици милиони долари беа против нас. На национално ниво, нашите противници беа донатори од Волстрит, а нашите донатори беа мали луѓе“, додава Трамп.

Слични Објави