ТРИ МЕТАЛНИ ТОПЧИЊА ИЗВАДЕНИ ОД НАДЛАКТИЦАТА НА СТАРИЦАТА ОД МАНАСТИРЕЦ ВО КОЈА ПУКАШЕ ВНУКОТ
Три метални топчиња биле извадени од надлактицата на 81 – годишната жена од Манастирец во која синоќа испукал од воздушен пиштол неколку дијаболи 33 – годишниот внук, по кратка семејна расправија. Операцијата поминала добро, потврди за МИА Благој Митев, хирург од хируршкото одделение при Општа болница со проширена дејност Кавадарци, пренесува ТВ 21.
-Трите метални кугли беа на различни локации во пределот на десната надлактица. Пациентката е во стабилна и добра состојба, ќе остане на одделението за хирургија заради следење на нејзината состојба, рече докторот.

