ТРИЕСЕТИНА ДЕЦА ОД КУМАНОВСКА ГРАДИНКА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА, МОЖНО ТРУЕЊЕ СО ХРАНА

/

Триесетина деца згрижени во кумановската градинка „Ангел Шајче“ изминатиот викенд завршиле во болница со симптоми слични на труење со храна. Тие се жалеле на грчеви во стомак, болки, диареја. Три од нив се задржани на болничко лекување во болницата во Куманово, а неколку се и во здравствените установи во Скопје.

Децата се на Детското одделение во болницата, од каде началникот Агрон Сулејмани вели дека децата имаат течни столици, висока температура и многу често повраќање.



Од градинката „Ангел Шајче“ велат дека во моментот имаат инспекција од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и епидемиолог од Центар за јавно здравје Куманово.

Претходна статија

ПОСКАПУВААТ БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ

Следна статија

ПЕНДАРОВСКИ И ЗУРАБИШВИЛИ ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ

Најново од Вести

Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој

Голем број инфраструктурни проекти се изведуваат со засилено темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување