| |

Трнливиот пат на европската идеја

Христо Михајлов

Веќе две илјади години идејата за обединета Европа ги бранува жителите на Стариот континент,иако и денес се спори за нејзините граници,како и за вредностите,врз коишто следува да се гради општата европејска идентичнос. Возможно ли е воопшто создавањето на обединета Европа и како всушност би требало да изгледа таа? Приврзаниците на таа интеграција се легион и сите тие со полна основа ги истакнуваат економските и политички предимства на тоа обединување,особено имајки ги во предвид новите реалности во современиот свет.Повеќето од нив,кога ќе се закочне од Морис Шуман во 50-те,и се заврши со Жак Делор во 90-те години од минатиот век,обично претпочитаат да не им обраќаат никакво внимание на очевидните недостатоци во начинот, по којшто се изградуваше и продолжува да се гради ЕУ сметан,со основа или не,за првообраз на идна обединета Европа. Тоа,сосема дека се подразбира ,е мошне ризично, зашто во случајот станува прашање за создавањето на квалитетно нова заедница, која што не е локална или дури национална,ами регионална со тенденција да се преобрати во континентална.

Во основата на обединета Европа нејзините приврзаници сосема природно ја поставуваат европската идеја,која што според некои политолози суштествува веќе 28 столетија. Некои дури и се обидуваат да докажат,дека таа и претходела на појавата на европските нации и држави. Во секој еден случај Древна Грција веројатно е местото,каде што таа идеја изникнува како резултат од развојот на грчката филозофија и наука,на жедта за знаење и критичното осмислување на нештата,така карактеристични за тогашните грци. Мнозина сметаат,како татковина на демократијатa,Грција како таква ги заложила нејзините принципи и во европејската идеја. И макар што денес барем десетици држави надвор од Стариот континент со основа претендираат да се не помалку демократски од европските, одвај дали некој би одрекол,дека демократијата е клучен елемент имено на европската цивилизациска идентичност.

Покасно Римската цивилизација го внесува во европската идеја создадениот од неа правен систем, вклучително и сите спроведувачки бирократски елементи. Интересното е тоа што ,римското наследство се восприма нееднозначно од современата европска политичка елита,еден дел од кој што претпочита да се воодушевува од добродетелите на Римската република ,а другата пак-од величието на Империјата. Во секој случај римјаните го прават еден од првите практични опити во изградувањето на Обидинета Европа,давајки им римско граѓанство, заедно со сите права и задолженија,на жителите на сите провинции во нивната огромна држава.

Третиот основен столб на европската идеја е токму христијанството. Се подразбира како универзален мироглед,тоа само по себе си не би можело да биде религија само на определен регион од планетата. И сепак христијанството со потполна основа се смета за столб на европскиот вредносен систем,зашто тука тоа се утврдува како религија и оттука се распространува по светот,во голем степен и како резултат од постојаните усилија на самите европејци . Мнозина сметаат, дека европската идеја не би можела да се определува само како грчка,римска или христијанска,ами претставува нешто многу посложено. Факт е меѓутоа,дека таа продолжува да суштествува дури и во мрачното Средновековие,кога е преродена од императорот Карл Велики,за да се престори во едно од водечките идеи на новото време (кога во неа конечно се утврдуваат принципите на хуманизмот). Многу спорови во минато,исто како и денес, го пораѓаат и прашањето за границите на Европа, т.е, за територијалните отцртувања на хомогени народи. Сега на местото на геополитиката се појавува со многу поголема сила мотивацијата од областа-на геокултурата. Имено, таа е и вистинската смисла на раширувањето на ЕУ во третото илјадолетиевистинското обединување…

Современа Р. С . Македонија не може да се плаши од својата отвореност, ами напротив-треба да ја прима како сведетелство за својата сила. Најдлабоката аспирација на Европа е нејзиниот творечки принцип и слободата. Историјата на Европа е историја на слободата ,барем во таа смисла,што се кристализирала нејзината идеја и се раширувала нејзината реализација , и дека слобода добивале градови и држави,народи и класи. И точно во таква Европа и Р.Македонија ќе може да си го заземе своето достојно место како земја-држава која што допринесла значително за развојот и утврдувањето на европската идеја.

Слични Објави