ТУХЕЛ МУ ПОРАЧА НА САМОБЕНДИСАНИОТ МБАПЕ: ЈАС СУМ ТОЈ КОЈ ДОНЕСУВА ОДЛУКИ!

/

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе, опасно му се спротивстави на својот тренер, Томаш Тухел, откако беше заменет на натпреварот против Монпелје.

Младиот напаѓач на ПСЖ го изрази своето незадоволство и тоа беше очигледно кога ја напушти играта, кога започна кавга со германскиот стручњак.

По натпреварот, тренерот на францускиот шампион беше сосема јасен, велејќи дека не му се допаѓа однесувањето на Мбапе.



„Ова не е убава слика, но тоа не се случува само кај нас. Го видов истото нешто во Дортмунд денеска. Не е добро што се случува вакво нешто затоа што отвора различни дискусии. Не сум лут, но тажен сум затоа што ова беше непотребно. Јас сум тренер, некој што носи одлуки и така ќе биде. Јас секогаш ќе донесувам одлуки. Ние не играме тенис, туку фудбал и мора да има почит меѓу нас“, истакна Тухел.

Извор: Спорт1

Претходна статија

КУРТИ И МУСТАФА СЕ ДОГОВОРИЈА-КОСОВО ЌЕ ИМА НОВА ВЛАДА

Следна статија

РАБОТНА ГРУПА СО НАДВОРЕШНИ ЕКСПЕРТИ ЌЕ ГИ ОЦЕНУВА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ НА СДСМ

Најново од Вести