ТВ21 неофицијално: Цивули разрешен од шеф на кабинет на министерот бидејќи барал поголема застапеност на Албанците во здравството
Разрешувањето на Меритон Цивули од функцијата шеф на кабинет на министерот за здравство Беким Сали, следи откако Цивули побарал назначување на директори Албанци во клиниките и поголема застапеност на Албанците меѓу лекарите и медицинските сестри, дознава неофицијално Телевизија 21.
Од огранокот Чаир се оградија од барањето на, како што ги нарекоа, 11 активисти кои побараа разрешување на министерот Сали. Претседателот на огранокот Чаир Фатон Фазлиу објасни дека барањето нема врска со со огранокот туку е резултат на лично незадоволство.
Извор: zoom.mk