УБАВО СЕ „ОПАРИЈА“: РАКОМЕТАРИТЕ ЈА ДОБИЈА НАГРАДАТА ЗА ПЛАСМАН НА ЕП 2020!
По претходно донесена одлука на Управниот одбор, челниците на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска на репрезентативците им ја исплати премијата од 40.000 евра за пласманот на Европското првенство (ЕП) кое в година ќе се одржи во Австрија, Норвешка и Шведска.
Македонските ракометари го освоија првото место во квалификациската група во која уште се наоѓаа и репрезентациите на Исланд, Турција и Грција, со што се најдоа во вториот барабан за извлекувањето на групите за континенталниот собир.
Ова ќе биде шесто учество на македонските ракометари на еден континентален собри по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016), Хрватска (2018).
Избраниците на селекторот Данило Брестовац на ЕП ќе играат во Виена и тоа во групата Б против Австрија, Чешка и Украина.
Извор: Спорт1

