|

УХМР: Попладне можно e да има невреме!

Според УХМР претпладнево ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.

Времето во Скопје: Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме.

До среда времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.



Слични Објави