УЈП „ГИ ЧЕШЛА“ ФИРМИТЕ НА БИЗНСИМЕНИТЕ КОИ СВЕДОЧАТ ЗА „РЕКЕТ“
Додека Ресул Лога и Ардијан Азмоски од „Дрим Билдинг“ претпладнево сведочеа за „Рекет“, Управата за јавни приходи влезе во нивната фирма во Струга. „Се чешла“ документацијата и договорот што фирмата го потпишала со Меѓународниот сојуз на Боки 13.
Од „Дрим Билдинг“ неодамна соопштија дека уплатиле околу 260.000 евра на Меѓународниот сојуз за стратешко партнерство и деловна соработка и дека откако здружението на Боки 13 и координаторот на проектот, Јасна Мандиќ, не ги исполниле обврските од договорот, „Дрим Билдинг“ поднел тужба во Основниот суд Скопје 2.
Како што дознаваме, УЈП врши контроли и во фирмата „Пелистер“ на бизнисменот Силјан Мицевски, кој пак вчера даде сиказ во Обвинителството. Засилените контроли во фирмите на бизнисмените кои склучувале договори со Меѓународниот сојуз за изградба на старечки домови, следуваат откако УЈП претходно влезе во невладината на Боки 13. Од Обвинителство велат дека бизнисмените се повикуваат на распит како лица кои можат да дадат корисни информација за истрагата „Рекет“.