УКИНАТО Е БАРАЊЕТО НА ВИЗИ ЗА СТУДЕНТИ СО БУГАРСКО ПОТЕКЛО

//

Бугарската амбасада во Белград испратила писмо во кое бара помош да се известат сите апликанти според Уредбата 103/1993 на Советот на министри, дека е укинато барањето за визи од типот Д за странски државјани со бугарско потекло, кои се прифатени како редовни студенти во високообразовните институции во Република Бугарија, јавува МБП. Студентите треба само да достават документ од бугарско потекло. Амандманот е во согласност со политиката на Бугарија, да го олесни влезот и престојот на странците со бугарско потекло на територијата на Бугарија, поради студирање.

Ова во голема мерка ќе им олесни на студентите со бугарско потекло од Украина, Молдавија, Македонија, Црна Гора и Косово, кои се запишуваат на редовни студии на високообразовните институции во Република Бугарија. Студентите сега ќе можат да аплицираат за прием во високообразовна институција во Бугарија, а потоа да аплицираат за дозвола за долгорочен престој во Дирекцијата на Министерството за миграција.



Овој амандман ќе ја олесни постапката и ќе го скрати 40-дневниот период за издавање на визи, преведувањето на сите потребни документи, трошоците за патување во соодветните бугарски конзулати во земјите од каде што доаѓаат, отсуството од студиите во Бугарија и др. Во исто време, на високообразовните институции ќе им се олесни приемот и запишувањето на студентите. Во 2018 година, слична можност беше дадена и за сезонски работници со бугарско потекло.

Претходна статија

СТОИЛКОВСКИ: ФУНКЦИОНЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ ДВА МЕСЕЦИ СЕ ПРИТВОРЕНИ, А НЕ ЗНААТ ЗОШТО

Следна статија

ГЕРОСКИ: ГОСПОДИНЕ ЖБОГАР, РИЈАЛИТИ ШОУТО БЕШЕ ПРЕД ВАШИОТ НОС, САМО НЕ САКАВТЕ ДА ГО ВИДИТЕ!

Најново од Вести