Украина меѓу чеканот и наковалната
Пишува: Христо Михајлов
Војната меѓу Украина и Русија, поточно руската агресија врз Украина, мошне внимателно се следи во ЕУ, САД, во земјите од ОНД, како и оние од Црноморскиот базен.Нема ангели во развиената ситуација, во Киев и Москва официјални лица исползуваат таков јазик, кој многу тешко би се сместил во дадените норми за добар и уважителен тон кон соседна држава. Поблиската соработка на Украина со НАТО пактот не го претполага пренесувањето на конфронтационен тип на односи на поновите членови со други држави партнери на НАТО. Соодносите на Аталнтскиот сојуз со Русија не се игра со нулева сума, при која Украина би можела да смета на избор или-или. Од Москва пак се сипат закани и евентуални санкции, кои уште потешко се сместуваат во разбирањата за една уверена и балансирана политика на глобалниот енергетски лидер, со неговата воена мисија во Украина.
Изразената носталгија по специјалниот државен статут на бившиот СССР и видливата нервоза околу тешкото членство на СТО објаснуваат многу, но не и сѐ. Особениот интерес кон рускиот етнос (во Крим и Источна Украина) Москва лесно може да го претвори во дискриминација на етничка основа. Тоа едвам ли ќе му донесе нови приврзаници на Кремљ, како во самата Русија, така и во Европа и поширокиот свет. Јасно е дека, при овој степен на воени дејствија меѓу Русија и Украина, руските воени единици можат да бидат прифатени само како агресор. Официјална Москва активно го ползува терминот суверенитет и како и сеуште актуелната тема-Косово како дел од Србија. Москва сака да го легитимира правото на вмешување во заштита на руските граѓани, онака како што се случи во Абхазија и Јужна Осетија. Предварителните анонси на очекуваните промени во воената и надворешно-политичката доктрина на Путинова Русија, раѓаат сериозни опасности и низ постсоветското пространство. Се натрупува значителна инерција во односите на Русија со НАТО, односи кои сега се наоѓаат на најниската точка. Негативните изјави во руските медиуми по тој повод, силно напоменуваат на руското спротиставување на агресијата на НАТО против остаточна Југославија во 1999г., што сведочи за сериозно заладување. Влегувањето во експлоатација на нафтопроводот Баку Џејхан и претстојното на гасопроводите Баку Ерзерум и Иран Ерменија со следен развој до Грузија силно удираат врз претензиите на Москва за геостратешка контрола врз ресурсите на Каспискиот реон.
Присоединувањето на Казахстан и Туркменистан кон гасовите доставки од Азербејџан преку поткрепуваниот од ЕУ трансакциски гасопровод сериозно би ги променил енергијните и геоплитички баланси. Додека рускиот нафтен бизнис, особено приватниот, нормално ја прима конкуренцијата на енергијните пазари, Газпром се пројавува со својата речиси никаква толерантност кон конкуренцијата како внатре, така и вон Русија. Можното идно примање на Украина во НАТО, како и потпишување на план за дејство со ЕУ, конечно ке го затворат прозорецот на возможности за двострани решенија за споровите помеѓу Киев и Москва. Всушност, само се повторуваат рефлексиите од периодот пред примањето на земјите од Централна и Источна Европа во ЕУ и НАТО. И наместо да се укрепува позитивниот план за долгорочно взаимодејство и да го рашири периметарот на своите профити, Москва како да тргнува по брзинската писта на негативизмот, нешто кое неминовно ке ја доведе до негативен краен ефект. Намерното блокирање со години наред, на независниот достап на природен гас и нафта од Прикасписките републики, засновано врз претензијата за наследен од СССР наредбодавен статус, неизбежно раѓа отпор сред елитата на новите републики.
Скроз погрешниот микс од политика и бизнис, како и занемарувањето на домашните инвестици во развојот на рускиот гасен сектор навестуваат сериозни потреси во блиска иднина. Во Русија годишно се губат, поради технички причини, околу 75 милијарди кубни метри гас кој што или гори на сондите, или истекува по застарената гасопреносна мрежа. Обидите да се управува со заканите на гасниот пазар, се мошне ризична игра, која лесно може да се заврти против енергетските извозници. За одбележување е дека енергетскиот егоизам ги обслужува само краткорочните интереси на Гаспром, но не и целосните руските државни интереси.
Потчинувањето на руската надворешна политика на ерегентскиот комплекс и најмногу на веќе фаворизираните Газпром, Роснефт и Транснефт ја оневозможува балансираната политика и хармоничните односи дури и со најблиските партнери во рамките на ОНД. Своевремено Русија го купуваше природниот гас од Туркменистан по 45 долари за илјада кубни метри и го препородаваше над 160 долари во Европа! Само од таа разлика се реализираа над 3 милијарди американски долари чиста добивка, што во тоа време претставуваше околу 20% од општата печалба на гасовиот руски монопол. Но потоа, лично претседателот на Туркменистан посака и доби зголемување на цената од 45 на 110 долари. Огромната разлика меѓу вештачки поддржуваните внатрешни и меѓународни цени, прави сериозно и незибежно растење на цените на гасот во самата Русија. Нема таква петролна или енергетска компанија, која што може да трпи бесконечно ескалирачки политички расходи и не е воопшто тешко да се одгатне реакцијата на населението и на стопанството, односно на оние кои сметаат на евтините ресурси, како основен извор на конкурентни предимства. Енергетската супер држава ја следат нараснувачки потешкотии со генерирањето и со снабдувањето на електроенергијата дури и во Москва и други реони.
Што е Украина денес? Вулкан од разочарување, нејасни надежи и сурова реалност… што ги покажува соголените заби на руската агресија и геополитчкиот судир меѓу Русија и Западот. Демократијата не е догма, таа е и цивилизациски код, натрупан опит и народопсихолошки дадености. Референдумот за одделување на Крим од Украина го постави на испит еден од столбовите на демократијата, прашањето до народот. А Крим е последната пројава на советскиот тоталитаризам, кога Никита Хрушчов, самоволно го постави под административното управување на Украина. Одново сме неми свидетели на судир меѓу две семоќни воено политички, економски и идеолошки вселени-САД и Русија. На прагот сме на ново сериозно изострување на стратегиското соперништво, како во енергетската сфера така и воено и политички, меѓу тоталитарната Русија, од една страна, и САД и Европа од друга.
Треба да се соочиме со реалноста. Руската агресија е само пролог кон тотална руска агресија кон целиот денешен економски и политички свет. Битката за енергенсите е само вовед…
