УНИБАНКА СО „СУПЕР ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ“ И КАМАТА ОД 4,25% – ФИКСНА ЗА ПРВИТЕ 2 ГОДИНИ

//

УНИБанка АД Скопје со нова интересна понуда за своите корисници. Нивниот Супер потрошувачки кредит е со атрактивна каматна стапка од само 4,25% и е фиксна за првите 2 години, за останатиот период каматната стапка исто така е фиксна и изнесува 6,25 %. Клиентите на банката добиваат и дополнителна сигурност преку Полиса за ризико осигурување од Кроација Осигурување.

Во Полисата е вклучено осигурително покритие од Ковид -19, заштита на семејството и сигурна иднина, овозможувајќи им на клиентите поголема удобност и сигурност при отплатата на кредитите.
Максималниот износ на кредитот е 1.200.000 денари, рокот на враќање е до 95 месеци, со можност да се подигне кредитот и без жиранти. Одобрувањето на кредитот се одвива многу брзо, во рамките на 30 минути.

Имајќи ја грижата за своите клиенти во фокусот на работењето, со оваа понуда УНИБанка овозможува и користење на дополнителни бенефити како што се кредитна картичка, дозволено пречекорување на сметка и бесплатно електронско и мобилно банкарство.



Претходна статија

ЗАПОЧНА ВАКЦИНАЦИЈАТА ЗА ЛИЦА ОД РС МАКЕДОНИЈА ВО ВАКЦИНАЦИОНИОТ ЦЕНТАР НА Д-Р МИЛЕН ВРАБЕВСКИ

Следна статија

БУГАРСКАТА КОМПАНИЈА „СОЛАРПРО“ ЌЕ ГРАДИ ФОТОВОЛТАИЧЕН ПАРК ВО РС МАКЕДОНИЈА

Најново од Вести