|

Уставниот суд да нема двојни аршини, вели Лога за упатството за водење на матичните книги

Како министер за правда, пред неколку дена се обратив до сите почитувани судии на Уставниот суд во врска со предметот, каде што се оспорени уставноста и законитоста на упатството за водење на матичните книги, а за што Уставниот суд на седницата одржана на 5.7.2023 година донесе привремена мерка, односно запирање извршување на поединечни акти што произлегуваат од конкретното упатство сѐ додека Уставниот суд не донесе конечна одлука во тој случај, вели министерот за правда, Кренар Лога.

„Од Уставниот суд за конкретниот предмет побарав да постапи во согласност со своите уставни надлежности и да донесе мериторна одлука, односно решение во согласност со веќе заземениот став од 2004 година, каде што за исто прашање Уставниот суд во тогашното решение одлучил дека ‘уставно определениот рок за објавувањето не може да се прифати дека е уставна норма со ограничувачка цел во однос на примената на прописите што се објавени со пролонгирање на рокот и влезени во правниот поредок бидејќи таа норма е дел од целината на уставните норми за гаранциите на слободите и правата на граѓаните, на кои и во ваков случај неоспорно им е обезбедено и исполнето гарантираното право на објавување заради запознавање со законите и другите прописи во правниот поредок’“, нагласува Лога.

Министерството за правда, како што вели, очекува Уставниот суд во најкус рок да постапи во согласност со веќе воспоставената пракса од причина што различната јуриспруденција на Уставниот суд за исти прашања доведува до загрозување на правната сигурност и владеење на правото како една од темелните вредности на нашиот уставен поредок.

Слични Објави