УТРЕ СКОПЈЕ ПОД БЛОКАДА ЗАРАДИ ПОСЕТАТА НА ЦИПРАС
Поради посетата на Македонија од страна на премиерот на Грција, Алексис Ципрас во придружба на грчка делегација, утре во периодот од 9.30 до 20.00 часот Министерстовото за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај, сопштија од Министерството за внатрешни работи.
Извор: Република
