Состојки:
– 2 јајца
– 2 чаши брашно
– 1 лажичка сол
– 2 лажици шеќер
– 1 и ½ чаша топло млеко
– 1/3 чаша стопен путер
– 1 лажичка ванилин екстракт
– 4 лажички прашок за пециво

Подготовка:
Во сад измешајте ги брашното, солта, прашокот за пециво и шеќерот. За тоа време загрејте го тостерот за вафли на саканата температура.

Во посебен сад измешајте ги јајцата. Промешајте ги со млекото, путерот и ванилата. Истурете ја смесата од млеко во мешавината со брашното. Промешајте убаво со миксер се додека не добиете хомогенаа смеса. Со помош на кутлач земете малку од тестото, колку да се прелее калапот на тостерот. Печете додека вафлите не добијат златна боја. Прелијте ги вафлите со сируп по избор, чоколаден крем или овошје по желба.

На здравје!

 

Претходна статија

ВИЦ НА ДЕНОТ

Следна статија

ДИМИТРОВ ПАТУВА ЗА ЊУЈОРК-БАРА МУДРОСТ И НЕРВИ

Најново од Истакнато