ВАРДАР ОСТАНУВА И БЕЗ ЖУНИОР: БРАЗИЛЕЦОТ ГО ЗАСИЛУВА БЕЛГРАДСКИ ПАРТИЗАН

Левиот бек на Вардар, Жуниор Реис Родригез го напушта најтрофејниот македонски клуб и според последните информации ќе го засили Партизан. Тој во Белград ќе стигне како слободен фудбалер, затоа што побарал раскин на договорот поради не исплатени плати.

Жуниор е прв избор на српскиот гигант кога станува збор за левата бековска позиција и трансфер е многу блиску до реализација. 23- годишниот Бразилец бил желба на тренерот на црно-белите, Саво Милошевиќ. Жуниор во Вардар дојде во јануари оваа година од екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Извор: Спорт1



Слични Објави