ВАРДАРОВИОТ ТАЛЕНТ МИШЕВСКИ И ОФИЦИЈАЛНО ГО ЗАСИЛИ ФРАНЦУСКИ ГРЕНОБЛ

Младиот македонски ракометар Марко Мишевски, кој летово си замина од европскиот првак Вардар поради малата минутажа ќе игра во француската Лига 1, откако денеска Гренобл го промовираше за свое ново засилување.

Мишевски е среден бек, иако играл и како лев бек, а беше дел од составот на европскиот првак Вардар, но во Лигата на шампионите не доби ни секунда, додека мала минутажа имаше во регионалната СЕХА-лига и домашното првенство, па поради желбата да игра повеќе реши да си замине од таборот на црвено-црните заедно со репрезентативецот Мартин Поповски, кој исто така го напушти Вардар.

„Ние сме среќни што донесовме играч кој ја освои Лигата на шампионите. Марко е ракометар со голем потенцијал, кој има способност и да нападне и да се брани и кој сака да покаже сѐ што знае. Моја задача е да го направам уште подобар. Колку што го видов тој е добар професионалец и сигурен сум дека многу ќе добиеме со него“, вели тренерот на Гренобл.

Извор: Спорт1

Слични Објави