ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА КУЛТУРНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ГАЛИЧКА СВАДБА“

/

Културно-туристичката манифестација „Галичка свадба“ започнува вечерва во 19:30 часот со изведба на првите свадбени обичаи. Во куќата на зетот ќе се накити бајракот, а потоа со три истрели ќе се означи почетокот на овој фестивал на мијачкиот фолклор.

На годинашното издание во центарот на вниманието ќе бидат зетот Огнен Караѓозовски и невестата Марина Петровска. Марина има потекло од Крива Паланка, но одамна е преселена, а Огнен има потекло од едно големо галичко семејство. Тој во повеќе наврати бил вклучен во органзацијата на претходните свадби и учествувал како статист.

Свадбарските обичаи ќе започнат со поставување на свадбарското знаме, а судбоносното „да“ младенците ќе го кажат в недела, 14 јули, во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“. 





Претходна статија

МЕРКО ЗА ТОА ШТО СЕ ПОЈАВИ НА ОТВОРАЊЕТО НА ДИВОГРАДБАТА НА НЕФИ УСЕИНИ: ОТИДОВ КАЈ МОЈ ЧЛЕН НА ПАРТИЈАТА, ШТОМ ЛОКАЛОТ НЕ Е СРУШЕН ЗНАЧИ Е ЛЕГАЛЕН

Следна статија

ГДУ-КУМАНОВО: ГАРНИЗОН-МЕСТО ЗА ГОРДЕЕЊЕ ИЛИ МЕСТО НА ЈАВЕН СРАМ НА КУМАНОВО?

Најново од Истакнато

Ќорсокак

Пишува: Владимир Перев На 24 јуни 2022 година стана пресврт, револуција во менталната матрица на бугарите