Вечерва во Русе ќе биде претставена книгата на д-р Виолета Радева „Опсесија. Лора и поетот“ посветена на Пејо Јаворов и Лора Каравелова
Нема потреба за да го сакаме поетот и револуционер Јаворов, да ја мразиме и проколнува Лора. Тие се како херои на античка трагедија, вели во интервју за БТА долгогодишната новинарка од Русе, д-р Виолета Радева, по повод нејзината книга „Опсесија. Лора и поетот“, која ќе биде претставена вечерва во градот покрај реката Дунав.
Авторката ја посветува својата книга на 110-годишнината од трагедијата што се случила на 29-30 ноември 1913 година на улица Раковски бр.126 во Софија.
„Можам слободно да кажам дека темата за животот и поезијата на Јаворов длабоко ме интересирала, колку и да е чудно, уште од моите тинејџерски години. Моите родители ми всадија љубов кон литературата, а јас, уште како девет- десетгодишно дете, рецитирав песни од Христо Ботев, Иван Вазов и Пенчо Славејков. Но, по периодот на херојскиот патос, ме плени поезијата на Димчо Дебељанов и Пејо Јаворов. Морам да признаам дека омилен ми беше Дебељанов поради нежноста , чистота на доживувањата, светлата тага Поезијата на Јаворов ме запрепасти со мрачната опсесија со демонските страсти, со крешендото на чувствата, со менталниот хаос и бунтот против животот“, вели Радева.
Според неа, голем број навидум случајности, подоцна во нејзината професионална кариера како новинар, во еден момент и го отвориле внатрешниот поглед за да увиди дека сè како да ја туркало да бара и да ѝ даде одговори на прашањето, со што Јаворов го зазема своето уникатно место во бугарската литература.
„Овие „случајности“ беа од поинаков карактер. Во 80-тите години на 20 век одбранив дисертација на Институтот за филозофија при БАН на тема „Идеолошко-естетските погледи на д-р Крстјо Крстев“. Потоа повторно се задлабочив во животот и делото на Јаворов, Пенчо Славејков, Петко Ј. Тодоров, внук на д-р Крстев, а по неколку години дојдов во орбитата на луѓе, современици или потомци на некои од главните актери во мојата книга“, објаснува д-р Радева.
Целото интервју на д-р Виолета Радева за БТА прочитајте го на следниот линк.