(Видео) Бектеши свесен дека се криеле грав, краставици, домати – на увозниците им порача: „Ова ќе оди до крај“
Повеќе нема да можат да ги кријат производите, најави министерот за економија Крешник Бектеши за трговците со овошје и зеленчук. Ова доаѓа откако изминатите денови, пиперки и домати, а во некои маркети и краставици и грав – не можеа да се најдат на рафтовите. Бектеши кажа дека и Пазарната инспекција утврдила таква состојба и рече: „Никој не може да ги крие производите. Денес сите производи ќе бидат ставени во продажба“.
Се истражува и како фактурите за увоз биле помали до 28 март, а сега има скок од 30 проценти. Проверките се во насока дали увозниците со лажни фактури се обиделе да избегнат плаќање на давачки кон државата. Побарани се одговори од институциите во Грција и Турција – земји кои важат за главни трговски партнери на Македонија од каде се увезува овошје и зеленчук. Ако се утврди лажирање, Бектеши побара одговорност и од институциите.
„Ако во случај добиеме навремено сите одговори од Турција и Грција ќе излеземе со проекции колку можеби е оштетен буџетот на државата. Можам да гарантирам, дека оваа работа ќе оди до крај. И такво е задолжението за сите институции вклучувајќи ја Царинската управа. Ова не значат контроли само на увозниците или трговците на маало туку и како се внесени тие во нашата држава, вклучувајќи и институции кои ги прават проверките – а зошто да не и вработени“, кажа Бектеши.
Министерот им порача на тргоците: „Ова ќе оди до крај се до моментот кога ќе се утврди како тоа е направено и тоа да не се дозволи повторно“.
Свесен е дека се криеле производи, исто како кога со замрзнување на цената на лебот – тој не се произведуваше од фурните.
„Заради тоа што се случува истото што се случуваше и со производителите на леб. Веќе има нова одлука од крајот на претходната недела која од денеска се применува. Одлука во делот на задолжението за сите трговци за 70 отсто од нивните производи мора да ги пласираат на пазарот, што значи дека од утре нема да има таква ситуација бидејќи ќе преземена нивната роба ако ја чуваат како залиха и ќе добијат соодветни казни“, рече Бектеши.

