Една жена е пренесена во болница со убодни рани добиени во напад со нож што се случи денеска во австралискиот град Сиднеј.
Напаѓачот е приведен, откако претходно се обидел со нож да нападне уште неколку луѓе, соопшти полицијата.
Како што пренесуваат австралиските медиуми мажот замавнувал со ножот извикувајќи „Алах акбар“, а потоа бил совладан од страна на властите.