| | |

(Видео) Доц. д-р Наум Кајчев гостин во подкастот „Коридор 8“: За кожата на една комисија

„Гоце Делчев лесно може да биде фигура околу која сите ние во Бугарија и РС Македонија можеме да се обединиме како револуционер со бугарско национално чувство, борец за автономијата на Македонија и Одринско на поробената македонска и одринска земја“, ова во македонско-бугарскиот подкаст „Коридор 8“ го изјави доц. д-р Наум Кајчев, потпретседател на бугарскиот дел од македонско-бугарската мешовита комисија за образовни прашања.

Тој потврди дека членовите на комисијата од бугарска страна немаат никаков проблем и на ниту еден начин не го оспоруваат идентитетот на нивните колеги од Република Северна Македонија.

Тој објасни што значи поимот мултиперспектива – тоа е поим за методологијата на предавање историја, а не метод на историографијата, и истиот значи гледање на настаните од различни гледишта низ очите на актерите на ерата – на пример, подготовка на Илинденско-Преображенското востание да се погледне низ очите на Гоце Делчев, Даме Груев, Анастас Лозанчев, Иван Гарванов или Димитар Митрев.

Кајчев истакна дека во последните година-две терминот мултиперспектива не се користи како решение за проблемите на историскиот спор меѓу Бугарија и Република Македонија.

Во однос на можноста странски експерти да ги поддржат активностите на комисијата, доц. д-р Кајчев истакна дека бугарската страна прифаќа контакти и дискусии со колеги и разни специјалисти од странство и го поздравува сличниот тип размена на искуства. Воедно, тој посочи дека барањето овие странски колеги да учествуваат како членови и арбитри во активностите на комисијата е невозможно, бидејќи во билатералниот договор меѓу Република Бугарија и РСМ јасно стои кој може да биде член на комисијата. А имено историчарите и членовите на комисијата од двете страни самостојно да доаѓаат до одредени заклучоци, што е многу попродуктивно од чисто административна арбитража или извршување.

Слични Објави