| |

(ВИДЕО) ЕВЕ КАКО НИЕ ОБИЧНИТЕ СМРТНИЦИ ЧЕКАМЕ ЗА ПРЕГЛЕД ВО КОВИД-19 ЦЕНТАРОТ ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“

Вака ние обичните смртници чекаме за преглед во Ковид центарот во 8ми септември. Бидејќи во сред пандемија нема 3 смени, почнуваат со работа од 08 и 30 ( а нема да биде тоа македонско здравство, ако нели сестрите и докторите не си ги испијат кафињата па отворат во 09 и 30) Во меѓувреме луѓево со температура, пневмонија, омалаксани, со отежнато дишење, дремат надвор на минусни температури и се молат докториве да се смилуваат да отворат врати. Патем јас со бронхопневмонија чекав 3 часа. Една жена волонтерски направила ливчиња и ги дели на луѓето за колку толку да се направи ред.Патем на истово место чекаат и луѓе со ДРУГИ инфективни болести (значи на истиов куп со заразните од корона). Тука чекаат и за вакцини, тетанус и сл.Ако немаш упар од матичен ( пр. Ти се влошила состојба ноќе и немало кој да ти издаде упат-Не те примаат, те брка обезбедувањето)Ова е во Ковид центарот во 8ми септември, на клиника пак да те примат е научна фантастика. Со упат чекав два дена по 3 часа за да ми дадат проклет упат за ренген и не дочекав, измрзнав и нормално морав да го правам приватно.Ова е само дел од хоророт на македонското справување со пандемија, ептен ми е лошо за да пишувам уште, инаку штом се опоравам ќе напишам се низ што како семејство проаѓаме и колку не чини вирусот, а еден посебен ферман ќе треба да им го посветам на лекарите и сестрите со ЕГО ДО ПЛАФОН што не смееш ништо да им кажеш или да ги прашаш.

Фб статус на Ана Јанкулоска.

Слични Објави