| |

(Видео) Еврокомесарот Оливер Вархеји е подготвен да се сретне со претставници на македонските Бугари

„По секој напад против која и да е заедница во РС Македонија треба да се преземат активности од страна на полицијата и Владата. Јас сум информиран за нападот од вчера (за првиот напад за оваа недела, кој што се случи во понеделникот). Се надевам дека Владата ќе го направи истото што го направи во претходниот случај (нападот врз клубот во Битола, во почетокот на август). Овде мислам на тоа да започне истрага, но и да се најде извршителот“, ова пред бугарската новинарка Милена Милотинова го изјави еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, јавува Bulgaria ON AIR.

Вархеји изјави дека е подготвен да се сретне со претставници на организациите на македонските Бугари ако тие побараат средба со него.

„Мојата врата е секогаш отворена за секоја една заинтересирана страна од која и да е земја-кандидат за член на ЕУ“, додаде Вархеји.

Целото интервју на Милена Милотинова со еврокомесарот Оливер Вархеји ќе се емитува во сабота со почеток од 17:30 бугарско време, во емисијата „Брисел 1“ на телевизијата Bulgaria ON AIR.



Слични Објави