| | |

(Видео) Ѓуров кон бугарските дипломати: Имаме 2600 причини да се гордееме со вас

Бугарскиот премиер Андреј Ѓуров, го посети Ситуацискиот центар во Министерството за надворешни работи на Бугарија, каде им се заблагодари на дипломатите за успешната евакуација на бугарските граѓани од Блискиот Исток, јавува БГНЕС.

Од регионот на конфликтот досега се евакуирани 2600 бугарски државјани. „Ова беше операција без преседан по својот обем, со која Министерството за надворешни работи се справи исклучително професионално. Имаме 2600 причини да се гордееме со вас. Благодарноста на луѓето е најважниот показател. Бугарските граѓани треба да знаат дека можат да се потпрат на државата“, изјави Ѓуров.

Министерката за надворешни работи Надежда Нејнски истакна дека иако надворешната политика обично е далечна за граѓаните, во оваа ситуација тие почувствувале дека можат да се потпрат на државата во тежок момент.

На церемонија во Министерството беа наградени дипломати од различни дирекции за нивниот придонес во евакуацијата.



Слични Објави