| |

(Видео) Илиев: Не е во духот на европските вредности да има пазарење со правата на Бугарите во РС Македонија

„Дури и Бугарите во РС Македонија да се 3504 луѓе, бројка што јас ја прифаќам со сомнеж, тие имаат право да бидат рамноправни со останатите делови од народи во земјата. Сметам дека не е во духот на европските вредности, да се врши пазарење со човековите права, од типот пуштете не’ да ги почнеме преговорите, а ние потоа ќе ги исполниме вашите барања“, изјави младиот бугарски историчар и уредник во сајтот dividend.bg Кирил Илиев за бугарскиот Воен телевизиски канал (ВТК).

Во однос на изјавите на првиот дипломат на РС Македонија Бујар Османи, дека Скопје и Софија треба да постигнат договор до јуни, Илиев истакна дека истите се ултимативни и не доликуваат на земја која сака да ги започне преговори со ЕУ.

„Господинот Османи, можеби заборавил дека за да ги добијат своите права Албанците во РС Македонија, водеа војна пред малку повеќе од 20 години- во 2001 г. Тие дадоа жртви, за да можат да ги уживаат правата што ги имаат денес“, вели Илиев.

Младиот бугарски историчар и новинар е дециден дека не е доволно РС Македонија да ги внесе во Уставот Бугарите што живеат во земјата, бидејќи има и други отворени прашања како говорот на омраза и промената на учебниците, во кои се уште се негува наратив кој е од времето на поранешна Југославија.

Според Илиев сите отворени прашања меѓу Скопје и Софија треба да бидат решени, пред Бугарија да даде „зелено светло“ за почеток на преговорите, за да нема потреба после да става вето на секое едно поглавје откако ќе започне суштинскиот процес.

„Тоа не е во интерес на Софија и на Скопје“, вели Илиев.



Слични Објави