|

(Видео) Ковачев: Бугарите треба да бидат вклучени во Уставот на РСМ и Договорот за пријателство и добрососедство треба да биде спроведен со протоколите кон него

„Во извештајот за РСМ јасно е наведено дека Бугарите треба да бидат вклучени во Уставот на земјата. Тој исто така зборува за злосторства од омраза. Исто така го опишува воведувањето на овие чудни закони кои им забрануваат на бугарските културни клубови да имаат имиња како „Цар Борис III“ и „ Иван Михаjлов” во Битола и во Охрид. И уште една важна работа. Во извештајот се наведува дека Република Северна Македонија мора да ги исполни потпишаните и ратификуваните договори со Грција и Бугарија, а за Бугарија е додадено – и протоколите кон нив”, изјави бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-ЕНП Андреј Ковачев во емисијата „Брисел 1“ на познатата бугарска новинарка Милена Милотинова.

Ковачев појаснува и зошто се важни протоколите:

„Бидејќи во овие протоколи се опишани нашите историски проблеми, вклучително и она што е напишано во учебниците. Како и промената на учебниците во однос на историската вистина и рехабилитацијата на жртвите на комунизмот и јазикот на омразата“, вели Ковачев.



Слични Објави