(Видео) „Личности“ со Кристина Газиева: Французинката посветена на бугарскиот јазик
Мари Врина-Николов е единствената професорка по бугарска книжевност во Франција. Таа предава бугарски јазик во Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации во Париз. Таа е единствената преведувачка на бугарска литература чиј мајчин јазик е францускиот. Тоа станува јасно од емисијата „Личности“ на бугарската телевизија БТВ.
Ги има преведено на француски јазик повеќе од 50 книги од класични и современи бугарски автори, меѓу кои „Бај Гањо“ од Алеко Константинов, „Под игото“ од Иван Вазов и „Засолниште во времето“ од Георги Господинов.
Професорката Врина-Николов е добитник на бројни почесни награди за придонес во популаризацијата на бугарската литература.
Во 2023 година ја доби престижната награда за превод на меѓународната организација „Пен клуб“ – наградата и беше доделена за романот „Остајница“ од Рене Карабаш.
Софискиот универзитет во февруари оваа година ѝ додели на проф. Врина-Николов почесната титула „Doctor Honoris Causa“ – за извонредни заслуги за славистиката, бугаристиката и преведувањето.
Кога бугарскиот јазик е избор, мисија и прибежиште.

