(Видео) Љ. Ѓоргиевски пред НОВА и БТВ: Со чест и гордост ја прифатив пресудата, нема да молчиме, властите не сакаат земјата да стане дел од ЕУ
Љупчо Ѓоргиевски, претседател на згаснатиот клуб „Иван Михајлов“, кој сега го носи името „Една роза“ и осуден на една година затвор условно, со две години условен рок, гостуваше вчера и денеска во двете најголеми бугарски приватни телевизии НОВА и БТВ.
Во своите изјави, Ѓоргиевски нагласува дека со чест и гордост ја прифаќа судската пресуда, истакнувајќи дека бугарската заедница нема да молчи и ќе продолжи да се бори за своите основни човекови права“.
Тој порача дека властите во Скопје, според него, свесно ја оддалечуваат земјата од европскиот пат и не сакаат таа да стане дел од Европската унија“.
Погледнете го гостувањето на Љупчо Ѓоргиевски во Нова News во емисијата на Љубо Огнјанов Офанзива:
Погледнете го гостувањето на Љупчо Ѓоргиевски во утринската програма на БТВ „Оваа сабота и недела“:

