| | |

(Видео) Нешков: Македонските лидери да бидат Македонци и да го штитат македонскиот дневен ред, се останато му служи на Српскиот свет

Решението е само едно, македонските лидери навистина да бидат Македонци какви што тврдат дека се и навистина да го штитат македонскиот дневен ред. Да не прават шоу, на би рекол англиски, со ниско ниво на TOEFL. Ова во утринската програма на БТВ го изјави новинарот и сопственик на бугарската информативна агенција БГНЕС, Љубчо Нешков.

Според Нешков огромната поддршка на во македонската јавност за ЕУ се должи на тоа што токму Македонците ја плаќаат најголемата цена и истото не важи за Мицкоски и неговото опкружување.

,,71,5 % се македонските граѓани кои сакаат влез во ЕУ. Зошто го сакаат тоа – затоа што тие ја плаќаат цената. Не ја плаќа Мицкоски, бидејќи тој нема проблеми а и неговото опкружување . Бугарско, чешко, унгарско, и јас не знам веќе какви државјанства поседуваат. Тоа за нив не е проблем. Тоа не им смета на нивниот идентитет. Затоа македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, бидејќи социјално економскиот притисок е брутален врз населението во Македонија”, изјави Нешков и додаде дека судбината на Македонија е многу тажна , бидејќи нема граница со ЕУ што е толку пуста.

,, Тоа го сака Српскиот свет, ѕидот што почна да се гради во 1912-1913 година и беше бетониран во 1945 година во моментот да биде надграден. Дали е нормално според вас да нема никакво движење меѓу Софија и Скопје?! “, вели Нешков и го даде примерот со тоа дека „Ќустендил, Крива Паланка , Петрич и Струмица живееле целосно од бугарскиот бизнис во сферата на угостителството, трговијата и сл .”

Во однос на посетата на претседателката Сиљановска-Давкова во Софија , Нешков е дециден дека наводните проблеми околу тоа на каков јазик да и се поставуваат прашања и претходно проблемот со знамињата, не се на дневниот ред на ЕУ а и на самата Македонија .
,, Тие дури и не се однесуваат како Македонци, бидејќи нели за нив основното прашање од од наутро до вечер е за т.н идентитет, јазик, националност, кои ние ги признаваме. На прашање на бугарски новинар , како ќе реагирате во врска со нападите врз вашиот идентитет од страна на Србија, таа избувна , не е ли Софија најдоброто место да говориш на македонски , бидејќи тоа е дел од твојата стратегија.

Сопственикот на БГНЕС, Нешков, подвлекува дека е опасно да се влегува во оваа дебата бидејќи е туѓа.

,,Многу е опасно да влегуваме во оваа дебата, бидејќи таа е туѓа. Таа дебата не е и за Македонија. “, дециден е новинарот.

На прашање на водителката кој има интерес од таа дебата, Нешков одговори на следниот начин:

,, Веќе е напишано црно на бело во десетици документи на ЕУ пред два дена во AFET, во последниот извештај за Македонија стои црно на бело Српски свет”, изјави Нешков.

Во своето гостување новинарот и познавач на балканската политика посвети сериозно внимание и на односот на ЕУ кон Србија и режимот на Вучиќ изнесувајќи го ставот дека ЕУ не се однесува со потребната посветеност во однос на режимот предводен од Александар Вучиќ и проблемите што истиот ги прави во регионот. Повеќе во видеото што следи:

Слични Објави