(Видео) „Неспоредливите двери на „Свети Никола Болнички“ од Охрид“
Документарниот филм „Неспоредливите двери на „Свети Никола Болнички“ од Охрид“ раскажува за дрвени резбани врати од 13 или 14 век, на храмот кај Долната порта во Охрид. Денес тие се чуваат во Националниот историски музеј во Софија и се една од најстарите зачувани средновековни бугарски пресувани пластики. Нивната иконографска програма содржи христијански, но и фолклорни и митолошки пораки.
Филмот е од серијата на БНТ2 „Олтарите на Бугарија“. Во снимањето на епизодата учествува и д-р Даниел Фокас. Сценариото и режијата се дело на познатиот бугарски новинар Иво Иванов.
