|

(Видео) Нов инцидент во Холандија: демонстрант се стрча кон Макрон и почна да вика, обезбедувањето го собори на земја

Полицијата совлада и приведе демонстрант во Амстердам, кој истрча кон францускиот претседател и почна да вика во моментот кога Емануел Макрон пристигна на еден универзитет на вториот ден од посетата на Холандија.

Ова е втор ден по ред цел на демонстрантите да биде Макрон, кој се соочува со немири дома поради пензиските реформи.

Новиот инцидент се случи утрово кога Макрон пристигна со холандскиот крал во научниот парк на универзитетот за да ја посети неговата лабораторија за квантен гас и квантна информативна лабораторија за да разговараат за квантната технологија.

NEW – Security guards knock a man to the ground during Macron’s visit to the University of Amsterdam. pic.twitter.com/1mITI7H5iB

— Disclose.tv (@disclosetv) April 12, 2023

Демонстрантот беше совладан од обезбедувањето и полицијата пред да биде уапсен и одведен во полициско возило.

Посетата на Макрон продолжи откога демонстрантот и уште еден маж беа приведени.

Холандските демонстранти вчера го прекинаа говорот на францускиот претседател во Институтот „Нексус“ во Хаг по што тој рече дека оние што не ги почитуваат изборниот процес и избраните лидери ја ставаат на ризик демократијата.



Слични Објави