| |

ВИДЕО: НОВИНАРИТЕ ЈА ПРАШАА КАТИЦА КАДЕ СЕ ПАРИТЕ ЗЕМЕНИ ОД КАМЧЕВ?

Специјалната обвинителка Катица Јанева повеќе од четири часа дава исказ за случајот Рекет во кој првоосомничен е Боки13 за изнуда на пари заедно со Зоки Кичеец.

На прашањето дали знае кај завршиле парите, Јанева одговори да. „Ова е истрага и во истрага не се споделуваат информации. Ќе има најверојатно судење и таму ќе се кажат работите. Два мои телефони што сум ги користела се на анализа во обвинителство. Дали истрагата ќе се води и против мене – не знам. Не, не чувствувам вина. Не знам дали во случајот има инволвиран и политичар“, беа одговорите на бројните прашања на новинарите по излегувањето од распитот.

Видео: МИА



Слични Објави