(ВИДЕО) НОВО ЧУДО ВО КИНА – ОД ЛОНДОН ДО ПАРИЗ ЗА 47 МИНУТИ! ВОЗ РАЗВИВА БРЗИНА ДО 620 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС!
Кина претстави прототип на супер брз воз, за кој неговите креатори велат дека може да достигне брзина од 620 километри на час. Овој воз е двојно побрз од возот „Еуростар“ и со таа брзина би можело да се стигне од Лондон до Париз за 47 минути, објави „Дејли меил“.
Кинеското „сообраќајно чудо“ е прво од ваков вид во светот и е направено исклучиво под домашна режија, а правењето прототип долг 21 метар чинело околу 7,5 милиони евра.