(Видео) Перев: Проруски структури му помогнале на Палевски да побегне од Македонија и да стигне до Турција
Одредени структури на службите за државна безбедност в Македонија од вчера во лични контакти со мене и со други, говорат дека не е возможно Палчо два пати да ја премине бугарската граница- на Калотина и на Капитан Андреево, а бугарските власти да не го запрат и да го прашат: „Чекај, што бараш овде, кој си ти? Те имаме во нашите досиеа“. Ова за бугарската Нова телевизија го изјави редовниот колумнист на порталот „Трибуна“ Владимир Перев.
Перев го коментираше монструозниот случај со двојното убиство на фризерот од Велес Панче Жежовски и 14 годишното девојче Вања Ѓорчевска од Скопје, што го потресе македонското општество.
Пред својот домакин бугарскиот новинар Љубомир Огњанов, Перев додаде дека во РС Македонија се говори отворено дека одредени проруски структури прво задоцниле со издавањето налог за апсење на Палевски, за да може истиот да побегне прво во Белград, а потоа преку Бугарија да отиде во Турција.
Според сознанијата што ги изнесе Владимир Перев, структури во српските, бугарските и турските служби за безбедност, знаеле дека Палевски е убиецот, но го пропуштиле. „Зошто Турците го уапсиле, ќе разбереме подоцна“, вели Перев.
Познатиот обштественик Владимир Перев го опиша Љупчо Палевски-Палчо, како урбан лик, кој имал контaкти со сите политички партии и уживал заштита од безбедносните структури.
„Палчо ги мразеше сите, сите го мразеа него, но сите пиеаја кафе со него и уживаа во неговото друштво“, вели Перев, кој додава дека најверојатно тоа не се први убиства што ги извршил Палевски, бидејќи никој што претходно не убивал не може да изврши две убиства за толку кратко време и да убие дете на 14 години.
Што уште кажа Владимир Перев пред бугарската Нова телевизија погледнете во видеото што следи:
