(Видео) Петар Колев за претепувањето на Христијан Пендиков: Тоа е обид за убиство, тоа не е инцидент
„Тоа е обид за убиство, тоа претепување, посебно луѓето што некогаш тренирале боречки вештини, знаат за што станува збор. Некој да ти ја скрши вилицата, да имаш неколку пукнати ребра, прешлени. Овде се работи за тешко претепување и некој го направил тоа со јасната цел, да дојде до таков резултат“, изјави Петар Колев, координатор на Центарот за стратешки анализи и планирање за утринската програма на бугарската Нова тв.
„Целата македонска политичка елита е соучесник во ова тешко злосторство. Повеќе од 30 години овој говор на омраза во независна Македонија, се поттикнува, практикува и наметнува како реперкусиja од минатото време на тоталитарната Југославија“, вели Колев.
Според него, нема јасна и дефинитивна реакција од страна на македонското МВР.
Колев потсети и на случајот со Спаска Митрова, која исто така беше објект на репресии и дури заврши во затвор во тогашна Република Македонија.
Тој исто така ги повика бугарските европратеници да нѐ ги запознаваат македонските Бугари со тоа што се случува во Охрид, туку да ги запознаат нивните колеги од европските политички семејства за ситуацијата во РС Македонија.
Повеќе во видеото: