| |

(Видео) Поранешниот бугарски претседател Плевнелиев: Да, за народот и државата РС Македонија во ЕУ, не за македонизмот бидејќи е една фашистичка идеологија

,,Мојот дедо бил тепан од комунистичката милиција, поради тоа што не сакал да се запише како Македонец. Од бугарските комунисти! Мајка ми има диплома од Софискиот универзитет, била омилен учител на илјадници Бугари и на нејзината диплома пишува Македонка. Секогаш кога ќе ми ја покажуваше дипломата таа плачеше.” Ова за утринската програма на бугарската БТВ го изјави поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев.


Родениот во Гоце Делчев бугарски државник потсетува дека бугарските комунисти направиле повеќе од едно национални предавства и изразува мислење дека Бугарија се уште не е доволно активна во однос на РС Македонија.

,,Бугарија погреши многу, бугарските комунисти направија повеќе национални предавства, дури и денес ние не сме толку активни како Србија и Грција”, вели Плевнелиев.


Тој ги пофали бугарската дипломатија и бугарските медиуми за нивните активности во однос на РС Македонија, подвлекувајќи дека веќе и покрај сите грешки во минатото Бугарија може да се потпре на две работи: Договорот за добрососедство и францускиот предлог.

Плевнелиев истакна дека во т.н Oхридска група тој го штити бугарскиот интерес со една реченица:

„Да, за народот и државата РС Македонија има место во ЕУ, но нема место за идеологијата на македонизмот. Тоа е една фашистичка, ЕУ парламентот одамна ги изедначи комунизмот и фашизмот, и целосно антибугарска идеологија. Кога и како елитата во РС Македонија ќе се раздели со таа идеологија останува да видиме.

Плевнелиев е дециден дека од бугарска страна не треба да има никакви провокации кон РС Македонија.

Според Плевнелиев во моментот проруски бугарски организации се исклучително активни и тие се одговорни за тоа што го гледаме во моментот.

„Србија никогаш нема да дозволи РС Македонија да тргне забрзано по патот на европската интеграција. Нашата задача како држава е да го документираме секое безобразие и криминално дело”, вели Плевнелиев.

,, Во Охрид македонски Бугари ми подарувале шишиња, г-н претседателе 5 годишен пијалок затоа што 5 години сум бил во затвор затоа што сум бил Бугарин. Седум годишен пијалок затоа што седум години сум бил во затвор… Тие безобразлуци треба да се покажуваат и треба да отидат во Европскиот суд за човекови права”, раскажува Плевнелиев.

,,Сценариото на Белград и Москва е повеќе од јасно, тие ќе се обидат на секој можен начин да ја одалечат РС Македонија од нејзиниот европски пат. Затоа ние треба да имаме балансирана политика. Самите ние треба да внимаваме да не правиме провокации, треба да се однесуваме како возрасни. Треба да знаеме дека е тежок патот на откажување од фашистичкото титовско сталинистичко минато и дека денешните политички елити во РС Македонија патат од тоа. Кога ќе се случи тоа како што Бугарија го направи за време на претседателот Желев и го пречкрта фашистичкото минато, ќе тргне напред , се надеваме дека ќе го видиме.

„Бугарија треба да стапне здраво во Скопје. Тоа значи да им помага на бугарските организации, да им даде се што им е неопходно. Бугарските медиуми да бидат почесто таму, бугарските бизнисмени да бидат таму, како тоа што го прават Грција и Србија. Треба да бидеме поцврсти, но почитувајќи ги европските правила”.

Плевнелиев даде пример со нелигитимната организација ОМО Илинден составена од неколку луѓе, која прави проблеми на Бугарија во Советот на Европа и која како што вели тој е финансирана од српскомакедонски служби. На истиот начин Бугарија треба да следи што се случува со бугарските клубови и да им помага и секоја провокација или неделување кон нив да биде однесена кон европските институции.

,, Тоа што го гледаме во Скопје во моментот не е покажување на европски вредности. Во 2017-та јас и д-р Милен Врабевски бевме примени од сегашниот претседател Пендаровски, сакам да го искажам мојот восхит од тоа што д-р Врабевски го прави на негов скромен и ефективен начин. Тогаш претседателот Пендаровски го даде она интервју во кое што кажува дека Гоце Делчев се изјаснува како Бугарин. Потоа замолкна. Тоа не ни помага и не е демонстрација на европски приод. Власта се обиде да направи еден чекор напред во РС Македонија, но потоа застанаа и дадоа многу чекори назад. Тоа е нивниот пат, за жал треба да бидеме трпеливи, да стапнеме на европските вредности и да им помагаме во нивниот пат напред”, вели Плевнелиев.

Повеќе во видеото што следи:

Слични Објави