АПАСИЕВ: ИМПИЧМЕНТ ЗА ПЕНДАРОВСКИ ДА БАРА ИДНИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН СОСТАВ
Импичмент за претседателот Стево Пендаровски треба да побара идниот парламентарен состав, порачува професорот и лидер на „Левица“ Димитар Апасиев, откако шефот на државата одлучи дека настрана законските пречки тој ја продолжува вонредната состојба на целата територија, јавува Макпрес.
-За жал за прв пат Талат Џафери е во право. Не може да свика Собрание кое е веќе распуштено. Толку крај на приказната. Според мене идниот парламентрен состав треба да иницира импичмент за Пендаровски за ова што го направи, вели Апасиев.
Според него вонредната состојба во оваа ситуација е непотребна бидејќи може да се менаџира со законите за заштита од заразни болести и управување со кризи. Со други зборови, Владата ја злоупотребува концентрацијата на моќ во вонредна состојба носејќи уредби со законска сила кои немаат поврзаност со кризата предизвикана од вирусот.
-Една третина од уредбите дали беа поврзани со борба со корона. Две третини немаат никаква врска со заштита на населението. Се и сешто се донесе се донесоа хонорари за СЈО за ИВЗ за МПЦ.
Суштината е да продолжат со нивното самоволие, вели Апасиев.
Македонскиот Устав предвидува дека вонредната состојба може да трае најмногу 30 дена. Владата според член 126 е надлежна да носи уредби со законска сила чија важност треба да престане со завршувањето на вонтредната состојба.