(Видео) Пожар во Визбегово, смрдеа и чад забележливи и од Карпош
Пожар изби во Визбегово. Црн чад се гледа и од Карпош. Екипи на Противпожарната бригада на Скопје се испратени на терен, по пријавата. Екипа на „Макфакс“ посочува дека пожарот е меѓу поле со пластеници на простор до кој нема асфалтен пат.
Првите соседи, посочуваат дека гори најлонот на некој од пластениците, но информациите се непотврдени.
„Макфакс“ се обиде да стапи во контакт со командантот на Противпожарната бригада, Sвонко Томевски, но тој не одговори на повиците.
Повеќе детали се очекуваат наскоро.